Барселона не успеа да го освои првиот трофеј во 2021 година, но и покрај тоа тренерот Роналд Куман смета дека каталонскиот тим е на вистински пат. Тврди дека резултатите се пооследица на повеќегодишна лоша работа која сега излегува на виделина.
Атлетик Билбао ја изненади Барселона во самиот финиш, постигна гол за израмнување во 90.минута, а потоа на продолженија и го доби натпреварот.
„Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар, а се шокиравме кога примивме гол за 2-2. Тој гол не поремети. Заслуживме да победиме, но немавме среќа. Тажни сме и разочарани, но немаме многу време за плачење. Имаме млада екипа со светла иднина и огромен потенцијал. Двата гола ги примивме во финишот на полувремето, тоа е навистина тешко. Во Барселона не се работело добро во изминатиот период и сега тимот ја плаќа цената“, изјави Роналд Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













