
Селекторот на националниот тим на Холандија, Роналд Куман, го посочи главниот судија од Англија, Ентони Тејлор, и неговиот тим како одговорни за нерешениот резултат 0-0 со Франција во натпревар од групата Д на ЕВРО 2024.
Четвртина час пред крајот, голот на Чави Симонс беше поништен, откако Тејлор и одговорниот за системот за видеоповторувања (ВАР), Стјуарт Атуел, долго време ја разгледуваа ситуацијата дали холандскиот одбранбен играч Дензел Дамфрис влијаеше на францускиот голман Мајк Мењан и неговата можност да игра со топката.
Одлуката на теренот беше офсајд и иако Дамфрис ниту направи обид да игра со топката, ниту на некаков начин го попречи Мењан, кој само го следеше ударот на Симонс, голот не беше признат.
„Позицијата на Дамфрис е нерегуларна. Тоа е јасно. Но, тој не го попречува голманот на никаков начин. И кога нема такво влијание, голот треба да биде признат“, изјави Куман на прес-конференцијата по натпреварот.
„Дали навистина судиите имаа потреба од пет минути за да ја прегледаат ситуацијата? Не го разбирам тоа. За мене тој не влијаеше на играта“, додаде селекторот на „лалињата“.
Иако не стигнаа до победа, Куман смета дека Холанѓаните треба да бидат задоволни од нерешениот резултат.
„Мислам дека голот требаше да биде признат, но моето мислење за натпреварот е дека нерешениот резултат е фер. Можам да го прифатам тоа, бидејќи имаше моменти од натпреварот кога не игравме добро. Тоа, сепак, се должеше на класата на Франција. Имаме четири бода од два натпревари, игравме и со големиот фаворит. Ако некој ми ја понудеше оваа ситуација пред турнирот, веднаш ќе ја прифатев. Јас сум задоволен од прикажаното“, додаде поранешниот тренер на Барселона.
„Знам дека многу луѓе ќе ме обвинуваат дека сме пристапиле премногу внимателно, но моето чувство беше дека и Французите беа задоволни од ова нерешено“, заврши Куман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
