
Барселона синоќа им приреди ново разочарување на своите навивачи, а на „Камп Ноу“ едвај го избегна поразот од Гранада. На крајот заврши 1-1 и Барса освои бод, што секако не може да ги задоволи апетитите на овој клуб и на фановите.
Роналд Куман е се поблиску до отказ на клупата на каталонците, а неговата изјава по натпреварот дополнително ги налути сите.
„Кога ќе го видите нашиот тим, што може да се стори? Како да играме „тики-така“ кога нема простор никаде? Моравме да бараме алтернативен пат до победата. Во овој состав немаме играчи кои се добри еден на еден, ниту имаме брзина во проигрувањата. Со оглед на она што го имаме, дадовме се од себе и можевме дури и да победиме “, изјави Куман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
