Роналд Куман одлучи да ја напушти селекторската позиција во Холандија за да го преземе тренерското столче на „Камп Ноу“. Се соочува со многу проблеми на почетокот, но тој е задоволен што добил шанса да биде тренер на Барселона.
„Имав мал срцев удар и после тоа човек размислува поинаку. Си реков, води ја Барселона додека животот уште ти нуди таква шанса. Не можев веќе да чекам и одлучив да го прифатам предизвикот. Не жалам за мојата одлука и уживам да бидам тренер на Барселона“, изјави Роналд Куман.
Барселона во моментот се наоѓа на петтата позиција на табелата во Ла Лига со 24 бода, осум помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













