Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, изјави дека каталонскиот клуб е поуспешен под негова команда отколку оваа сезона со Чави Хернандез, кој го наследи на клупата на „Камп Ноу“ кон крајот на есента.
„Немав поддршка од претседателот. Се надевам дека Чави ја има бидејќи е клупска легенда. Ситуацијата во Барселона е иста како кога бев и јас. Менувањето на тренерот не се покажува секогаш како решение“, изјави идниот селектор на холандската репрезентација.
Тој направи и анализа на бодовната состојба на тимот.
„Кога ја напуштив Барселона, разликата во однос на Реал Мадрид беше осум бода, сега е двојно повеќе“, рече Куман и со тоа додаде масло на огнот на уште една неуспешна сезона на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













