Тренерот на Барселона, Роналд Куман, пред натпреварот со Реал Сосиедад во првото коло од Ла Лига зборуваше за финансиската состојба во клубот, но и за заминувањето на Лео Меси.
Куман е возбуден поради почетокот на сезоната, како и фактот дека ќе бидат присутни околу 20.000 навивачи. Тој, исто така, го пофали потегот на Жерар Пике кој се согласи на големо намалување на платата за да се регистрираат нови играчи.
„Совршено добро знаеме каква е финансиската состојба на Барселона и мораме да помогнеме на секој начин. Секој што е тука многу години сака да му помогне на клубот да ја подобри економската состојба“, изјави Куман за потегот на Пике.
Тој вели дека е заминувањето на Лионел Меси долго ќе ја означува сезоната на „Камп Ноу“, но и вели дека Барселона има силен тим и без него.
„Го немаме повеќе, но имаме други играчи кои не прават силен тим кога сите ќе закрепнат. Имаме силен тим кој може да освои важни трофеи. Од утре веќе нема оправдувања, започнуваат натпревари каде треба да се освојуваат бодови и тимот е подготвен. Имавме добра претсезона, Лео не беше со нас и убеден сум дека луѓето ќе уживаат во играта на овој тим “, додаде Холанѓанецот.
Куман потенцираше дека главната цел на Барса е да ја освои Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













