Тренерот на Барселона, Роналд Куман, е многу блиску до напуштање на клубот поради слабите резултати од почетокот на сезоната, но, сепак, тоа не го спречува отворено да зборува за реалната ситуација во која се наоѓа каталонскиот клуб. Лошата финансиска ситуација придонесе Лионел Меси да замине во Пари Сен Жермен, а
Куман вели дека аргентинската ѕвезда долг период ги затскривала сите други аномалии во тимот.
По шлаканицата од Баерн Минхен (0-3) во ЛШ и ремито (1-1) против Гранада дома во Ла Лига, прашање е на момент кога Куман ќе стане „поранешен“, а во интервју за холандските медиуми имаше интересна изјава.
„Меси ги засени сите во Барселона. Со квалитетот на играта и со ефикасноста, тој ги покри сите проблеми во клубот. Беше толку добар, носеше победи. Секако дека имаше добри играчи околу него, но тој ја играше одлучувачката улога. Во негова позадина, сите изгледаат многу подобро. Сега кога го нема, истите фудбалери не можат така лесно да станат лидери“, истакна Куман во интервју за холандскиот „Воетбал интернасионал“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













