Connect with us

Куман ќе „уништи“ уште една млада ѕвезда на Барселона?

Јусуф Демир дојде како големо засилување на Барселона Б, но експлодираше во претсезоната, поради што веднаш беше префрлен во првиот тим. Еден од најталентираните играчи во Европа пристигна во Барса од Рапид Виена на едногодишна позајмица за 500.000 евра, со опција каталонцоте да го откупат на лето за дополнителни 10 милиони евра.


Демир тргна одлично, играше на неколку позиции, постигна гол во подготвителниот период, доби шанса на стартот од сезоната и потоа исчезна. Според каталонските медиуми, Куман не е е задоволен од него, тврди дека е слаб кога треба да се игра под притисок и дека никогаш не се труди да оди „едне на еден“ во што е најсилен, туку ја додава топката на првиот до себе.

Поради тоа веќе Сержињо Дест играше како десно крило на „Ел Класико“.

Кога ќе се врати Осман Дембеле до крајот на оваа недела, Демир ќе има уште помала минутажа, а клубот сега се двоуми дали да ја активира клаузулата и да плати 10 милиони евра за да го откупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови