Connect with us

Куман: Ја губевме лесно топката, а Франција тоа знае да го казни

Фудбалската репрезентација на Холандија загуби со 4-0 од Франција на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024. Селекторот Роналд Куман немаше премногу зборови за да го објасни поразот.


„Ја губевме топката на важни места на теренот и бевме казнети од противникот кој беше одличен. Игравме премногу наивно. Жално е што многу играчи отпаднаа од тимот поради болест, но тоа не е причината за поразот. Дефинитивно не одигравме добро. Моите обвинувања не се насочени само кон младите, очекував повеќе и од искусните играчи“, изјави Куман.

Следниот натпревар на Холандија е в понеделник против аутсајдерот во групата, селекцијата на Гибралтар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови