
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, се обидува да склопи конкурентен тим за следната сезона иако каталонскиот гигант се наоѓа во многу сложена финансиска ситуација. Раководството на Барса има големи проблеми со огромниот буџет за плати на фудбалерите и преговара за нивно намалување. Ќе мора и да продава дел од најплатените фудбалери за да избегне проблеми со финансискиот фер-плеј.
Токму затоа Куман ќе се обиде на „Камп Ноу“ како позајмен играч да го доведе Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед. Тој немаше голема минутажа кај Оле Гунар Солскјер минатата сезона, се очекува нешто слично и в новиот шампионат, а Ван де Бек бара солуција каде ќе игра многу повеќе.
Роналд Куман одлично ги познава квалитетите на Дони ван де Бек од периодот кога ја предводеше фудбалската репрезентација на Холандија и верува дека тој би можел да биде одлично решение за Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Родриго е многу блиску до трансфер во Арсенал

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
