Дејан Кулушевски ја избра Шведска за репрезентација за која ќе настапува, но срцето уште му трепери кога ќе види македонско знаме. Тој му го подари дресот со кој играше на мечот Ференцварош – Јувентус во Будимпешта на охриѓанецот Марјан Кикески, кој живее и работи во Унгарија.
„Морам ова да го споделам затоа што многу големо задоволство ми направи Кулушевски. После завршување на натпреварот Кулушевски кој не влезе во игра со уште неколку фудбалери и членови на стручниот штаб тренираа на теренот. Тогаш, јас го извадив македонското знаме, Кулушевски веднаш го забележа, дојде кај мене и ми ги подари дресот. Ме направи многу среќен човек и немам зборови со кои можам да му се заблагодарам“, напишал Кикески на социјалните мрежи, а пренесува „Охрид Њус“.
Јувентус славеше убедливо на дуелот против Ференцварош со 1-4.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski