
Шалке 04 пред три години испадна од Бундес-лигата и сега се бори за опстанок во Втората лига. Во моментов, тимот од Гелзенкирхен се наоѓа на 13. место.
Клубот се соочува и со големи финансиски проблеми, при што германските медиуми пишуваат дека Шалке е во минус од 168 милиони евра. Раководството на клубот се обидува да собере средства, па се обидува да ги вклучи и навивачите во тој процес. Имено, клубот им понуди на навивачите акции од стадионот „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен.
Позната е и цената. Раководството има за цел да го покрие долгот преку продажба на акции од стадионот. Во официјалното соопштение беше најавено дека започнува продажбата на акциите. Прво ќе се формира здружение за таа цел, а цената на една акција би требало да биде помала од 750 евра.
Претседателот на Шалке, Матијас Тилман, објасни дека здружението ќе ги купи акциите од стадионот, но управувањето ќе остане во рацете на клубот.
„Билд“ го нарече овој потег на Шалке „почеток на просјачки поход“. Проектот треба да започне за еден месец, а во клубот очекуваат дека ова ќе ги спаси. Шалке петпати бил првак на Германија, последен пат во 1958 година. Последниот трофеј го освои во 2011 година, кога го освои Купот на Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
