Офанзивецот на Брегалница, Андреј Кудијан, на најдобар можен начин се врати на зелените терени со погодок во триумфот на „сините“ од 4-0 против Охрид во осминафиналето од Купот на Македонија.
По пауза од три месеци поради повредата заработена за време на летните подготовки на Златибор, Кудијан повторно во полна форма е во тимот на Марјан Секуловски, не криејќи го задоволството што се врати и со постигнат погодок.
„Секако пресреќен сум што успешно се вратив на зелениот терен по три месеци. Задоволен сум од играта по толку време надвор од терените, и секако задоволен што убедливо обезбедивме пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија. Многу ми значи поддршката од соиграчите како што побрзо би се вратил во вистинската форма. Знам дека и во иднина ќе продолжиме со добрите игри и во Првата лига, па сигурно ќе има и нови мои голови“, порача Кудијан по куп-натпреварот со Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













