
Фудбалската репрезентација на Бугарија е последниот ривал на Македонија во годинашното издание во Лигата на нации. Селекторот Младен Крстајиќ вели дека Македонија е силна селекција, но неговиот тим посакува да триумфира на утрешниот меч во Скопје.
„Секој што се бави со спортот, сака да оствари победа. Така ќе биде утре и за Македонија и за Бугарија. Што се однесува до мојот тим, сакам Бугарија да ја покаже истата желба за победа како и против Гибралтар. Не сакам да размислувам за можни провокации, ние треба да излеземе на теренот и да одиграме професионално. Се надевам на добра игра, но и да освоиме бодови“, изјави Младен Крстајиќ, новиот селектор на Бугарија.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
