
Легендарниот германски фудбалер Тони Крос одлучи да ја заврши својата кариера на крајот од минатата сезона. Неговата одлука да ги закачи копачките на клинец на 35 години изненади многумина, бидејќи одличниот играч од средниот ред без проблеми можеше да игра уште неколку сезони. Сепак, самиот Крос тврди дека одлучил да замине на врвот бидејќи не сака само „онака“ да биде во клубот.
Германецот во разговор за шпанските медиуми го спомена Лука Модриќ, кој наскоро ќе го прослави својот 39. роденден и кој нема намера да се повлече од теренот. Крос не смета дека тоа е неопходно.
„Верувам дека Лука сака да ужива до самиот крај. Јас тоа не го гледав така, но секако е убаво што има шанса да игра уште една година“, истакна Крос.
„Прифати улога во која ќе има многу помала минутажа. Јас не би го прифатил тоа, но очигледно тој ги гледа работите поинаку. Уште може да игра на добар ниво. Секој го избира својот пат“, порача славниот Германец.
Крос ги означи Модриќ и Кристијано Роналдо како зависници од успехот.
„Кристијано и Лука се зависници од успехот. Тоа не престанува. Одлучија да не заминат на врвот како 95 отсто од другите играчи, туку сакаат подолго да уживаат во фудбалот. И тоа е добра работа. Ако се среќни така, сè е добро.“
„Често се слушам со Кристијано. Тој не е ист откако замина од Реал Мадрид. Беше навикнат на трофеи во овој клуб, а ги немаше подоцна. Верувам дека и тој ги гледа работите на истиот начин“, истакна Крос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
