
Сонот на илјадници навивачи на германските репрезентативци за Тони Крос да се врати во Бундеслигата се оствари откако играчот од средниот ред најави дека повторно ќе го носи националниот дрес. Идејата е играчот на Реал Мадрид на лето да игра на Европското првенство на кое Германците се домаќини.
34-годишниот фудбалер, кој беше дел од шампионскиот состав на Светското првенство во 2014 година, се повлече од Бундес-тимот по финалето на ЕВРО 2021 година. Сепак, поради неговата одлична форма во Реал Мадрид, имаше повици за негово враќање. Тој се приклучува и ќе игра на претстојните контроли против Франција и против Холандија во март.
„Дечки, во март повторно ќе играм за Германија. Зошто? Затоа што тоа беше побарано од селекторот, затоа што сум расположен за тоа и затоа што верувам дека на ЕВРО 2024 нашата репрезентација може да постигне многу повеќе од она што повеќето го очекуваат“, објави Тони Крос.
Крос за репрезентацијата на Германија има 106 натпревари на кои има постигнато 17 гола.
Во тековната сезона за Реал Мадрид учествуваше на 33 натпревари на кои има седум асистенции и еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
