
Шведскиот играч за врска Кристофер Олсон ги обнови моторните функции и вербалните способности откако минатиот месец му беа дијагностицирани повеќе мали згрутчувања на двете страни на мозокот, соопшти клубот Митјиланд.
28-годишниот фудбалер се опоравуваше во „Хамел Невроцентар“ во Данска, каде е подготвена програма за рехабилитација за надминување на ретко воспаление кое ги зафаќа крвните садови во мозокот.
„Неговиот физички напредок е значаен и сега активно ја тренира својата функција за повторно да оди. Сега може да се храни“, се вели во соопштението на клубот Митјиланд.
„Иако остануваат когнитивните проблеми и прогнозата за негово целосно закрепнување останува неизвесно, специјалистите во центарот за третман се охрабрени од позитивните чекори што Кристофер веќе ги презеде“.
„Беше воодушевувачки да се биде сведок на борбата на Кристофер против болеста. Неговиот позитивен став, нескротливиот дух и неуморната волја за победа се инспирација за сите нас“, изјави менаџерот на клубот Клаус Стајнлајн во прилог на изјавата на клубот.
Кристофер Олсон, кој има 47 натпревари за шведската репрезентација, беше тинејџер во лондонски Арсенал, каде што ја започна својата кариера. Пред да дојде во Данска играше за шведскиот АИК Стокхолм и за белгискиот клуб Андерлехт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
