Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинез, најави дека е можно Кристијано Роналдо да игра за националниот тим и на СП 2026 година, бидејќи си поставил голема цел.
Фудбалерот на Ал-Наср сака да ја достигне бројката од 250 натпревари за националниот тим и ќе му требаат уште најмалку три години за тоа да го оствари. Моментно Роналдо има 205 натпревари во португалскиот дрес.
Роналдо за својата земја игра од 2003 година и досега има постигнато 128 голови.
Иако Мартинез сè уште не го објавил тоа јавно, јасно е дека има уште една причина поради која Роналдо би сакал да игра на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а тоа е бројката на постигнати голови.
Во својата досегашна кариера има постигнато 872 гола на официјални натпревари, па нема да ја пропушти можноста да ја достигне границата од 1000 погодоци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













