
Кристијано Роналдо повторно е дел од првиот тим на Манчестер Јунајтед. Тој денеска се врати на тренинзите откако доби суспензија од менаџерот Ерик тен Хаг затоа што не го чекаше крајот на дербито со Тотенхем и реши предвреме да замине во соблекувалната.
Португалецот не беше дел од тимот на мечот против Челси. Во неделата и понеделникот составот имаше одмор, а денеска играчите се вратија во базата во Карингтон за да се подготват за дуелот со Шериф во групната фаза од Лигата на Европа.
Се уште не е јасно дали Роналдо ќе биде вклучен во составот за овој натпревар.
Покрај Португалецот, денеска со тренинзи продолжија и Хари Мегваер, Дони ван де Бек и Арон Ван-Бисака. Антони Марсијал и Рафаел Варан остануваат повредени и не тренираат со тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
