
Кристијано Роналдо вечерва се врати во Манчестер и во наредните денови ќе ја разјасни својата иднина со Манчестер Јунајтед. Португалецот ќе има разговор не само со шефовите на „црвените ѓаволи“, туку и со менаџерот Ерик тен Хаг, кој ќе се обиде да го убеди да остане во тимот.
Роналдо се уште не почнал да тренира пред сезоната, а како причина за тоа се наведени семејни причини. 37-годишниот напаѓач планира да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во тим кој ќе учествува во Лигата на шампионите. Неговиот агент Жорге Мендеш продолжува да бара нов тим.
Опциите се Челси, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид. Пред две седмици, Томас Тухел ја отфрли можноста Роналдо да заврши на „Стемфорд бриџ“, но Мендеш ќе продолжи да работи во оваа насока.
Баерн нема вистински интерес за Португалецот, а Атлетико треба да продаде најмалку двајца играчи за да може да си ја дозволи поранешната ѕвезда на Реал Мадрид.
Куриозитет е фактот што партнерката на Роналдо, Георгина Родригез, на социјалните мрежи ја заследи сопругата на Диего Симеоне, Карла Переира. Можеби веќе се запознале и имале одредени разговори.
Во оваа фаза, позицијата на Манчестер Јунајтед останува непроменета и клубот сака да го задржи својот водечки стрелец до крајот на неговиот договор следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
