Connect with us

Кристијано Роналдо избегна црвен картон по шутирање на играч на Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо контроверзно избегна црвен картон во првото полувреме на натпреварот на неговиот тим со Ливерпул, откако луто му се нафрли на Куртис Џонс.

Откако тимот на Јирген Клоп стигна до водство од 3-0 пред паузата, фрустрираниот португалски репрезентативец упати удар кон голот на Алисон, при што топката се одби и се врати кај Џонс. Во обид да ја врати во свој посед, Роналдо го сопна играчот од средниот ред на гостите, и потоа продолжи да го шутира додека лежеше на теренот.

На ова, остро реагираа Енди Робертсон и Вирџил ван Дајк кои влегоа во конфликт со Роналдо пред да бидат оттурнати од Бруно Фернандеш. Според правилата, судијата Ентони Тејлор можеше да го исклучи 36-годишниот ветеран поради насилно однесување, но наместо тоа, избра да му покаже само жолт картон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови