
Фудбалерот на Челси, Кристијан Пулишиќ, веќе во јануари би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“ бидејќи не е задоволен од својот статус во тимот. Американецот, според медиумите на Островот, веќе се согласил на преселба во Њукасл. Потребно е Челси да се согласи на продажба на 24-годишниот фудбалер и од следната година ќе го гледаме на „Сент Џејмс Парк“.
Богатиот Њукасл подготвил 40 милиони евра за офанзивецот чиј договор со „сините“ истекува во 2024 година, но тој е подготвен за предвремено заминување поради фрустрација од малата минутажа и улогата во тимот под водство на претходниот менаџер Томас Тухел, а работите не се сменија ниту со доаѓањето на Грем Потер.
Пулишиќ, кој е во клубот од 2019 година, пристигна од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра, а сезонава стартуваше само на два натпревари во Премиер – лигата и постигна само еден гол во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
