
Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Тој потпиша тригодишен договор со „црвените ѓаволи“, а доаѓа како слободен агент од Брентфорд.
Ериксен по немилата случка на ЕВРО 2020, кога преживеа срцев удар на мечот против Финска, се врати во Премиер – лигата и одигра во голем стил во дресот на Брентфорд. Сега е време повторно да заигра во голем клуб.
„Манчестер Јунајтед е посебен клуб и едвај чекам да почнам да играм во неговиот дрес. Сум имал привилегија да играм на „Олд Трафорд“, но сега ќе биде поинаку затоа што ќе бидам во црвениот дрес“, изјави Ериксен.
Christian Eriksen is a RED! ✍️🔴#MUFC || @ChrisEriksen8
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal