Домот на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, е ограбен пред два дена. Крадците влегле во домот на фудбалерот во Хесден-Золдер и украле вредни предмети.
Сопругата на Де Бруин и нивните три деца не биле во куќата за време на грабежот. Фудбалерот моментно е со Манчестер Сити во Саудиска Арабија каде се одржува Светското клупско првенство.
Сопругата на Де Бруин, Мишел Лакроа, ја пријавила кражбата. Според обвинителството на провинцијата Лимбург, криминалците со помош на скала влегле во куќата преку вториот кат. Во моментов не може да се утврди идентитетот на криминалците и да се процени штетата – се претпоставува дека од куќата е украден главно накит.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













