Реал Мадрид ги предупреди своите играчи строго да ги следат правилата против ширење на коронавирусот и да не се приклучуваат на големи групи луѓе. Во специјалното писмо испратено до сите од тимот на Карло Анчелоти, им се советува да ги ограничат контактите за да не се заразат.
Во текот на последните дваесетина дена, неколку играчи на „кралевите“ беа позитивни на тестот за Ковид-19, но почнаа да закрепнуваат, а некои од нив се веќе негативни.
Тимот повторно се обединува на 28 декември, а на 2 јануари оди на гости кај Хетафе на отворањето на 2022 година. Ќе има натпревари против Алкојано (5 јануари, Куп на Шпанија) и против Валенсија (8 јануари), по што тимот ќе замине за Саудиска Арабија, каде ќе се одржи Суперкупот на Шпанија.
На 13 јануари ќе се сретне со Барселона, а доколку успее да победи, на 16 јануари ќе игра со победникот од пресметката Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид.
Ла Лига веќе се врати на стариот построг антивирусен протокол, според кој сите фудбалери, тренери и вработени во клубовите секојдневно ќе се тестираат со антигенски тестови. Постои и ограничување на бројот на луѓе кои мора да бидат во соблекувалната во исто време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













