Connect with us

„Кралевите“ го враќаат Раул де Томас

Реал се подготвува за Суперкупот на Европа, првенството започнува за неколку недели, а прашањето дали ќе има засилувања се уште виси во воздух. „Кралевите“ се во потрага по напаѓач кој ќе го замени Бензема по заминувањето на Јовиќ и продажбата на Борха Мајорал.
Се споменуваа многу имиња, Тимо Вернер, Серж Гнабри, Мауро Икарди…


Сега се споменува враќањето на Раул Де Томас. Напаѓачот кој беше отпишан пред три сезони, играше за третиот тим, потоа за филијалата Реал Мадрид Кастилја, а кога го потпиша договорот беше испратен на позајмица во Кордоба, Ваљадолид и Рајо Ваљекано. Потоа, по неуспешната сезона во Лисабон каде одигра само седум натпревари за Бенфика, експлодираше по неговото враќање во татковината.

Де Томас постигна 44 гола за неколку сезони во Еспањол, па беше цел на Арсенал.

Шпанецот дебитираше минатата сезона за националниот тим и со задоволство би ја прифатил поканата да се врати во Реал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови