
Џошуа Кимих, играчот од средниот ред на Баерн Минхен, е во контакт со Реал Мадрид за можен трансфер ова лето. Според извори, Кимих го смета Реал за „привлечна дестинација“, првенствено поради нивниот потенцијал за освојување на Лигата на шампионите.
Иако Реал покажува сериозен интерес, Баерн Минхен е решен да го задржи својот клучен играч. Кимих имал неколку разговори со спортските директори Макс Еберл и Кристоф Фројнд за неговата иднина, но конечната одлука сè уште не е донесена.
Ако Кимих одлучи да не го продолжи договорот со Баерн, тој би можел да стане еден од најбараните играчи на трансфер-пазарот ова лето. Покрај Реал Мадрид, со германскиот репрезентативец се поврзуваат и други врвни клубови како Барселона, Пари Сен Жермен, Ливерпул и Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
