
Реал Мадрид ја оствари 29. победа во Ла Лига оваа сезона откако декласира Алавес со 5-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Иако „кралевите“ веќе ја освоија и прославија титулата, сепак, „билдаат“ победнички дух за финалето на ЛШ. Поради ова, настрада Алавес.
Џуд Белингам во десеттата минута донесе водство иако веројатно сакаше да нафрли, но топката заврши во мрежата на гостите. Винисиус Жуниор зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Феде Валверде во последните мигови од првото полувреме.
Вини Жуниор постигна и втор гол на овој натпревар, а серијата голови ја затвори турскиот талент Арда Ѓулер во 81.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
