
Пресметката меѓу Шпанија и Хрватска е еден од двата осминафинални натпревари кои предизвикуваат најголемо внимание заедно со мегадуелот меѓу Англија и Германија.
Хрватот Матео Ковачиќ, кој е поранешен играч на „кралскиот клуб“, уште повеќе ја „запали“ атмосферата со ставот дека е изненаден што Луис Енрике не повикан ниеден фудбалер на Реал Мадрид во селекцијата на Шпанија.
„Дефинитивно ќе имаме тежок натпревар. Шпанците се одлични, ќе биде важно да се контролира топката што е можно повеќе, бидејќи тие сакаат да ја поседуваат. Же има битка и мора да победиме. Шпанија ќе биде подготвена за натпреварот бидејќи тие знаат дека сме добри. Јас напредував откако го напуштив Реал Мадрид. Сега сум неколку години постар и поискусен. Играм за Челси со поголема упорност. Искрено, чудно е што во репрезентацијата на Шпанија нема играчи на Реал Мадрид. Не знам дали некогаш се случило, но тоа само значи дека Шпанците имаат одлични играчи и во другите клубови. Долго време играм со Лука Модриќ и Марсело Брозовиќ. Дефинитивно се чувствуваме добро кога играме заедно и ќе мораме да ја добиеме битката со Шпанците во средниот ред“, изјави Ковачиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
