
Битолската и македонска гордост Пелистер повторно е во елитата. На две кола пред крајот на првенството во Втората лига, „пелистерци“ успешно минаа низ целта и обезбедија промоција во Првата македонска фудбалска лига.
За тренерот Влатко Костов тоа е петти пат во кариерата да обезбеди промоција со различен клуб.
„Пелистер го вративме таму каде што припаѓа – во ПМФЛ, а на Битола ѝ го вративме она што ѝ недостигаше – прволигашки фудбал. А јас? Јас, од ова раководство на клубот, ја добив шансата да го водам овој прекрасен колектив, при што, по внесувањето на ФК Осогово, ФК Куманово, ФК Брегалница и ФК Турново од ВМФЛ во ПМФЛ низ текот на годините, сега, по петти пат во мојата тренерска кариера, истото успеавме да го направивме и со битолската гордост. Огромна благодарност до мојот играчки кадар за пожртвуваноста и мојот стручен штаб за посветеноста да стигнеме до заедничката цел – пласман во ПМФЛ. Битолчани, управа на ФК Пелистер, навивачка група „Чкембари“ и сите останати што нè поддржувате – ви благодариме“, изјави Влатко Костов.
Пелистер како вицепрвак во Втората лига се враќа во елитата, а шампионски тим во второлигашкото друштво е Беса, која следната сезона за првпат во клупската историја ќе биде прволигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
