Пред почетокот на мечот изгледаше како историја, но ден потоа – триумфот над Косово е веќе во архива. Ќе остане засекогаш запишано, победа од 2-1 и еден голем чекор кон пласманот на ЕП. Чекорот е голем од Скопје до Тбилиси каде на 12 ноември Македонија ќе го игра финалето од плејофот во Лигата на нации против Грузија – „вистински историскиот“ дуел за пласман на Европско.
Но, има време до Грузија. Следна на менито на најдобрите македонски фудбалери е Естонија. Се враќаат на тековниот циклус во Лигата на нации и сакаат да го задржат првото место во групата. Така најави селекторот Игор Ангеловски, што значи дека треба да се соберат сили за да се освои и Талин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













