Актуелниот првак Струга Трим Лум со победата (2-3) против Тиквеш во Кавадарци си отвори можност за освојување на есенската титула. Доколку стружани победат на двата натпревари до крајот, ќе презимат на првата позиција. Таков развој на настаните очекува голманот Ведран Ќосевски.
Стружани денеска (13 часот) го пречекуваат тимот на Воска Спорт, во мечот кој претходно беше одложен поради снежни врнежи.
„Секако дека нè очекува тежок натпревар против Воска спорт, ривал кој добро го познаваме. Одиме од меч во меч, ќе играме две кола како домашна екипа и се надеваме дека ќе го дадеме максимумот и ќе излеземе како победници на двата меча. Со тоа полусезоната ќе ја завршиме на првото место, како што и последното издание го завршивме како шампиони“, изјави голманот Ведран Ќосевски, кој верува во победа поради тоа што тимот е во добра форма во моментов.
„Во моментов сме во подобра форма, играме пред нашата публика, која веруваме дека ќе биде нашиот 12. играч и денеска и во недела. Го почитуваме тимот на Воска спорт, знаеме дека е многу добар тим, но и ние имаме свои цели, па се надеваме дека на крајот ќе ги оствариме“, дополни Ќосевски.
Во вториот одложен натпревар, денеска во Кратово се среќаваат Силекс и Вардар. „Црвено-црните“ се осоколени по триумфот на гости против Македонија ЃП и се надеваат дека со нов позитивен резултат ќе ги зголемат шансите за опстанок. Сепак, Силекс е одличен тим на домашен терен и тоа нема да биде лесна мисија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski