Баерн Минхен нема да го добие Чави Симонс ова лето. За одличниот холандски фудбалер, кој зад себе има фантастична сезона во Лајпциг, беа заинтересирани неколку врвни клубови, а Баерн дефинитивно најмногу го посакуваше овој крилен играч.
Сепак, Чави Симонс одлучи дека за него е најдобро да остане барем уште една година во Лајпциг. Сите се информирани за тоа, па Баерн сега бара нови решенија.
Макс Еберл, спортскиот директор на Баерн Минхен, како прв на листата желби го стави играчот Дезире Дуе.
Ова момче има само 19 години и моментно е олимписки репрезентативец на Франција, игра за Рен и блескаше минатата сезона, па сосема заслужено е на радарот на гигантот од Минхен.
Игра на истите позиции како Симонс, може да игра во средниот ред, а може и како крило.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













