Вардар има повеќе од доволно друго проблеми, вистинска „војна“ во раководните структури, организациски хаос, недостиг на финансиски средства, нема решение ниту каде да тренира, а сега мора да се бори и со коронавирусот.
Шефот на стручниот штаб Никола Илиевски Џиџи е позитивен на Ковид-19 и се наоѓа во изолација. На последното тестирање тој добил позитивен резултат и иако нема симптоми, сепак, мора да остане изолиран од тимот. Сега вардарци се надеваат дека Ковид-19 нема да „завладее“ со поголем дел од соблекувалната и дека ќе можат да продолжат да настапуваат во комплетен состав.
Вардар во претстојното 24.коло на домашен терен ќе ја пречека Шкендија, а тимот ќе го предводи некој од асистентите на Никола Илиевски Џиџи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













