Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ќе биде десеткуван за Боксинг Деј, како и на почетокот на 2021 година. Премиер – лигата продолжува со несмалено темпо, а Пеп Гвардиола нема да може да смета на комплетниот состав поради проблеми со коронавирусот.
Бразилецот Габриел Хесус и десниот бек Кајл Вокер покажале симптоми на Ковид-19 и веднаш се изолирани од останатиот дел од тимот. Покрај нив, коронавирус имаат и двајца членови на стручниот штаб на Гвардиола. Засега вирусот не е проширен на останатиот дел од екипата.
Манчестер Сити утре игра со Њукасл, потоа му гостува на Евертон на „Гудисон парк“ в понеделник, а на 3 јануари ќе биде гостин на Челси. Потоа следат и двата меча со Манчестер Јунајтед во полуфиналето на Карабао купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













