
Португалскиот гигант Бенфика се бори со коронавирусот. Клубот објави дека има дури 17 позитивни случаи на коронавирусот, дел од нив фудбалери, а останатите се членови на стручниот штаб и вработени во клубот. Како што откриваат португалските медиуми, познато е дека петмина фудбалери се заболени од коронавирус, и тоа Лука Валдшмит, Жилберто, Вертонген, Диого Гонкалвеш и Алекс Грималдо.
Позитивните случаи веднаш се изолирани и ќе останат во самоизолација во наредните две седмици, а клубот врши консултации со Министерство за здравство на Португалија дали клубот воопшто ќе може да игра натпревари или целиот погон ќе оди во изолација. Бенфика утре треба да игра полуфинале во Лига купот на Португалија против Брага.
Бенфика во моментов е третопласирана во португалскиот шампионат со 32 бода, колку има и второпласираниот Порто. Лидер на табелата е Спортинг Лисабон со 36 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
