Корејскиот репрезентативец Хванг Ин Беом ќе стане најскапото засилување во историјата на Црвена Звезда. Тој треба да потпише четиригодишен договор со српскиот шампион и доаѓа од грчки Олимпијакос во трансфер вреден 5.000.000 евра, пренесува „Телеграф“.
Европската кариера Хванг ја започна во рускиот клуб Рубин Казан во 2020 година, а две години подоцна го облече дресот на грчки Олимпијакос.
Хванг ги одигра сите натпревари за својата репрезентација на Светското првенство во Катар минатата година, а Јужна Кореја се пласираше во осминафиналето.
Хванг важи за еден од најдобрите играчи во Јужна Кореја. За репрезентацијата одигра 45 натпревари и е незаменлив на позицијата централен играч за врска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













