
Холандскиот офанзивен играч за врска, Тун Копмајнерс, скрши ребро, соопшти неговиот клуб, италијанскиот Јувентус.
„Според лекарските наоди, тој има пукнатина на десното ребро“, се вели во соопштението, во кое се споменува дека неговото враќање на теренот ќе зависи од процесот на закрепнување.
Италијанските медиуми пренесоа дека Копмајнерс може да отсуствува до еден месец, што значи дека ќе го пропушти големото дерби против Интер на 27 октомври.
Копмајнерс (26), кој ова лето пристигна од Аталанта за 55 милиони евра, се повреди за време на дуелот меѓу Јувентус и Калјари минатиот викенд (1-1).
Овој играч нема среќа со повредите во последно време, бидејќи поради истата причина го пропушти Европското првенство во Германија, каде што требаше да биде еден од лидерите на Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
