
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, отворено призна дека неговиот тим сам си го „подарил“ поразот на гостувањето кај Торино, поради индивидуална грешка на Били Гилмор, која ги чинеше скапоцени бодови.
„Во првото полувреме добро ја движевме топката и создававме шанси, но бевме премногу фокусирани на тоа да играме убаво, наместо ефикасно. Буквално им го подаривме голот. По паузата имаше повеќе енергија, но не беше доволно. Честитки за Торино, но факт е дека сами си ја направивме штетата“, изјави Конте по мечот.
За актуелниот шампион на Италија ова беше втор пораз сезонава во Серија А, по онаа од Милан (1-2) на 28 септември. Така Наполи запиша две порази во последните три кола, исто колку што имаше во претходните 31 натпревар во лигата.
Сепак, Конте останува смирен и оптимистичен:
„Од самиот почеток реков дека добро го познавам фудбалот. Изградбата на нов тим бара време. Оваа сезона ќе зависи од тоа колку брзо ќе растат и ќе се прилагодат новите фудбалери. Имаме натпревар секои три дена, без време за вистински тренинзи, затоа мора да бидеме трпеливи и да се подобруваме постојано“, нагласи Италијанецот.
Интересно е што двете победи на Торино сезонава се токму против врвните екипи во лигата – Рома и Наполи, со што уште еднаш ја потврдија својата репутација како „убијци на гиганти“.
Конте, кој не ја обвини одбраната, отворено посочи каде била грешката:
„Примивме гол кој сами си го создадовме. Нема врска со одбраната. За жал, дојде до несреќен одбиток од Гилмор, кој инаку одигра одличен меч, и тој практично му асистираше на Симеоне. Нашиот стил бара да играме во противничката половина, па е нормално да дозволуваме контранапади. Треба да се навикнеме на тоа“, рече стратегот.
Интересен податок е дека Конте не успеал да го победи Марко Барони од 2009 година, кога со неговата Аталанта славеше над Сиена. Оттогаш, двајцата тренери се сретнале четири пати – без ниту една победа за Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
