
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека настапот на неговиот тим во Лигата на шампионите оваа сезона треба да послужи како лекција за раст и стекнување на искуство, откако минатата година клубот воопшто не играше во европските натпреварувања.
На прес-конференцијата пред гостувањето кај ПСВ Ајндховен, италијанскиот стратег зборуваше и за состојбата на повредениот Скот Мeктoминej, како и за адаптацијата на новото засилување Кевин де Бруин.
„Скот не тренираше во последните неколку дена и денес се приклучи само делумно. Ќе видиме како ќе се чувствува. Ако е подготвен, ќе биде одлично да го искористиме, а ако не — ќе најдеме друго решение. Играме против шампионот на Холандија, кој редовно настапува во Лигата на шампионите, па мора да излеземе со избалансиран состав и да дадеме максимум“, рече Конте.
„Минатата година не игравме во Европа, па оваа сезона е ново искуство за нас. Овој турнир треба да биде нашето училиште — а ние да бидеме добри ученици, кои еден ден ќе ги надминат своите учители“, додаде тој со насмевка.
Конте нагласи дека оваа сезона е поинаква и дека тимот сè уште го гради својот идентитет.
„Минатата година започнавме како аутсајдери, а сега имаме нов состав. Потребно е трпение — сè ќе зависи од тоа колку брзо новите играчи ќе се прилагодат.“
Италијанецот зборуваше и за Кевин де Бруин, кој постепено станува клучна фигура во тимот.
„Секогаш се трудам да ги разберам моите играчи. Кевин напредува — сè повеќе е вклучен во тимската игра и изгледа среќен што е дел од овој проект. Ја крева играта на повисоко ниво. Кај нас игра во нешто поинаква улога од онаа во која сме навикнати да го гледаме, но покрај тоа што ја гради играта, внесува и карактер и лидерство. Мислам дека за него се создава нова, зрела улога — и дека е целосно посветен и задоволен“, заврши Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
