Англискиот премиерлигаш Тотенхем е заинтересиран да го доведе фудбалерот на Милан, Алесио Ромањоли, пренесуваат италијанските медиуми. Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот се во застој, а дефанзивецот веќе влезе во последната година од договорот.
Таквата ситуација сака да ја искористи Антонио Конте и да го доведе сонародникот без обештетување во Тотенхем.
Конте бара засилување во одбраната и негова желба е токму Ромањоли, за кого смета дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра. Англискиот тим е подготвен да му понуди на Ромањоли поголема плата од таа што ја има во Милан и да го убеди да се пресели во Лондон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













