Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, беше задоволен од победата од 3-1 над Рома во четвртфиналето од Купот на Италија. Тој го пофали настапот на својот тим и изјави дека сè повеќе се приближуваат до фудбалот кој сака да го гледа.
„Во фудбалот и во животот постои едно правило – секој ден треба да се стремиш да бидеш подобар од претходниот. Се обидувам да ги пренесам своите идеи на тимот, но имавме само еден тренинг пред овој натпревар и немавме луксуз да работиме на некои детали, бидејќи играме на секои три дена. Сепак, играчите почнуваат да разбираат што барам од нив, тие се многу интелигентни. Задоволен сум од нив, особено од вториот гол, кој дојде по освоена топка на средината на теренот. Ова е нешто на кое работиме. Жоао и Сантијаго имаа само еден тренинг, но веднаш разбраа што треба да прават, затоа што се интелигентни играчи“, изјави Консеисао.
„Рамнотежата е апсолутно фундаментална во фудбалот. Ова важи и за играта со топка, и без неа. Видов некои работи за време на натпреварот кои не ми се допаднаа, но во исто време разбирам дека играчите се трудат да се подобрат. Сè уште не гледам сличности со Порто, но работиме да бидеме покомпактни, поагресивни и да не му дозволуваме на противникот често да влегува во нашата третина. Се доближуваме до фудбалот кој ми се допаѓа, но сè уште не сме таму. Играчите кои пристигнаа во текот на трансферниот прозорец имаат карактеристики што ни дозволуваат да почнеме да играме на начин каков што сакам, вклучувајќи и формација со двајца напаѓачи, со правилен баланс – не само да постигнуваме голови, туку и да не примаме“, додаде португалскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













