Connect with us

Консеисао го елиминира Јувентус во ЛШ и доби понуда од Италија

Португалскиот стратег Серџо Консеисао од следната сезона би можел кариерата да ја продолжи во Италија. Тој направи феноменален успех со Порто елиминирајќи го Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите и веднаш доби понуда за работа во Серија А.

Серџо Консеисао е еден од двајцата најсериозни кандидати за наследник на Чезаре Прандели на клупата на Фиорентина. Новиот претседател на „виолетовите“, Роко Комисо, сака да пронајде долгорочно решение за клупата на Фиорентина, а Консеисао има познавање на состојбите во Италија од периодот кога беше фудбалер на Лацио, Парма и на Интер.

Медиумите на Апенините најавуваат дека вториот кандидат за клупата на Фиорентина е Џенаро Гатузо, кој во моментот е тренер на Наполи, но би можел да си замине на крајот од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови