
Заврши една од главните саги на овој преоден рок – Марсело Брозовиќ е нов фудбалер на Ал-Наср, соопштија од клубот од Ријад.
Хрватскиот репрезентативец по осум години го напушти Интер и потпиша за клуб од Саудиска Арабија.
Долго траеја преговорите на Саудијците со Интер за отштетата што ќе ја платат за хрватскиот играч за врска, како и преговорите со самиот Брозовиќ за висината на приходите што ќе ги има во Ријад. Интер од неговата продажба ќе заработи 18 милиони евра.
Италијанците прво побараа поголема сума, но кога после долги и мачни преговори видоа дека нема да го добијат тоа што го бараат, решија да попуштат и да се согласат на 18 милиони, за да не останат без ништо.
Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека Брозовиќ ќе заработува меѓу 27 и 28 милиони евра по сезона, а договорот е потпишан на три години.
Затоа, играчот од средниот ред, кој ќе ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо, ќе стане најплатениот фудбалер на Балканот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
