По завршувањето на репрезентативната пауза, тимовите од Премиер – лигата влегуваат во клучен дел од сезоната. Англиското првенство бара максимална подготвеност и длабочина во составот, а секое отсуство може скапо да чини.
Ливерпул би можел да биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не успее да се опорави навреме. Францускиот дефанзивец се врати во клубот со повреда и нема да патува со националниот тим на мечот против Исланд. Повредата ја заработи на дуелот со Челси и сè уште не е познато колку е сериозна.
Сега сите погледи се насочени кон следниот голем дерби натпревар – Ливерпул против Манчестер јунајтед. Менаџерот Арне Слот се надева дека Конате ќе биде подготвен, но неговиот настап е под знак прашалник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













