
Комплетното 30.коло од Првата фудбалска лига е испратено на дополнително прегледување. Комисијата за натпреварување при Фудбалската федерација на Македонија се сомнева во резултатите од последното 30.коло и поднесе пријава до Одделот за интегритет при ФФМ за детално разгледување на мечевите. Доколку постојат основани сомнежи, тогаш со можното лажирање на резултатите ќе се занимава и Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот на економски криминал.
„Комисијата за натпреварување поднесе пријава до Одделот за интегритет при ФФМ да бидат дополнително разгледани сите натпревари од изминатото 30.коло во Првата фудбалска лига. Постои сомнеж во веродостојноста на резултатите и овој Оддел ќе треба да постапува по пријавата. Доколку има евентуална потврда, тогаш целиот случај треба да биде доставен и до Министерството за внатрешни работи“, изјави комесарот на натпревари, Васко Дојчиновски.
Беласица изненадувачки го совлада шампионот Шкендија во Струмица со 2-1, а Победа славеше со 1-2 против Работнички во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski