Connect with us

Компани побарал од раководството на Баерн Минхен првото засилување да биде – Зинченко

Винсен Компани го презеде кормилото на Баерн Минхерн и како прво засилување го детектирал украинскиот репрезентативец Олександр Зинченко од Арсенал.

„Мораме да го донесеме што е можно поскоро“, ги објавија германските медиуми зборовите со кои Компани побарал од управата на клубот да го купи фудбалерот од Лондон.

Шпекулациите околу иднината на Зинченко се поттикнати од можното заминување на Алфонсо Дејвис во Реал Мадрид. Германскиот гигант будно ги следи случувањата со Украинецот, иако навивачите на баварскиот клуб не мислат дека тоа би било вистинско засилување за нивниот клуб.

Зинченко дојде во Арсенал за 35 милиони фунти, но имаше многу проблеми со повредите, но и многу „загуби“ поради драстичните промени во тактиката под водство на Микел Артета.
Тој претходно играше со Компани во Манчестер Сити три години, стилот на игра на Зинченко добро се поврзува со визијата на новиот менаџер, што потенцијално ќе го направи трансферот корисен за сите вклучени страни.

„Мундо Депортиво“ пишува дека, покрај Зинченко, Компани е подготвен да ги ангажира и Дани Олмо и Нико Вилијамс, а двајцата фудбалери ги посакува и Барселона, која ја презеде поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови