Баерн Минхен ја продолжи соработката со Венсан Компани до 2029 година, објави клубот. Белгискиот тренер досега бележи 49 победи од 67 натпревари на клупата на баварците, со само девет порази. Под негово водство, тимот ја освои последната титула во Бундеслигата, а од почетокот на сезоната има 11 последовни победи во сите натпреварувања.
„Голема чест ми е и сакам да се заблагодарам на раководството на клубот за довербата и условите кои ми ги понудија од првиот ден. Се чувствувам како да сум тука многу подолго време. Почнавме едно прекрасно патување и да продолжиме со напорна работа и уште многу успеси“, изјави Компани по продолжувањето на договорот.
Претходниот договор на 39-годишниот белгиски стратег истекуваше во јуни 2027 година. Компани пристигна во Баерн Минхен летото 2024 година од англискиот Барнли, а претходно го водеше белгискиот Андерлехт.
Под негово водство, Баерн Минхен е лидер во Бундес-лигата, а амбициите на клубот за следните години се јасни – продолжување на доминацијата во германскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













