Connect with us

Компани: Морам да го пофалам карактерот на Баерн, се браневме тимски со голем ентузијазам

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, беше задоволен по нерешениот резултат (0-0) на неговиот тим против Баер Леверкузен во дербито од 22. коло на Бундес-лигата.

„Во идеален случај, секогаш сакаме да притискаме и да ја вратиме топката што е можно побрзо откако ќе ја изгубиме. Но, ако противникот ја задржи, тогаш мора да се браниме. Баер направи токму тоа денес. Тие ја контролираа топката многу добро и притискаа одлично, па затоа моравме да се браниме. Во тој контекст, можам да го пофалам мојот тим за карактерот и играта во одбрана“, изјави Компани.

Овој натпревар беше директен судир за титулата, а Баерн можеше значително да ја намали разликата со победа, но на крајот двете екипи ги поделија бодовите, а разликата остана осум бода.

„Игравме многу натпревари во кои постигнавме многу голови. Сега освоивме голем бод со кој се враќаме дома“, додаде Компани.

Сепак, до крајот на сезоната остануваат уште 12 натпревари, кои можат да го променат текот на првенството.

„Не случајно имаме осум поени предност. Оваа сезона мислам дека веќе постигнавме повеќе од 100 голови. Баер изврши голем притисок врз нас, но ако не покажевме дека сме подготвени да ги блокираме ударите и центаршутевите, да се браниме како тим со Хари Кејн и Џамал Мусиала само три дена по тешкиот натпревар во Глазгов, ќе си заминевме уште поразочарани. Дефинитивно ќе научиме од овој меч, но го прифаќаме резултатот и продолжуваме напред“, заврши Компани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови