
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, е повторно здрав, но тренерот Венсан Компани не откри дали тој ќе биде стартер во последниот натпревар на тимот за 2024 година против Лајпциг во петок.
Кејн беше надвор од игра од крајот на ноември поради мускулно истегнување на бутниот мускул. Неговото враќање може да помогне на тимот да ја заврши првата половина од сезоната на високо ниво, откако баварците го претрпеа првиот пораз во Бундес – лигата минатиот викенд против Мајнц.
„Нема да кажам дали тој ќе биде стартер или не. Но, ако сè оди добро, тој дефинитивно ќе игра утре“, изјави Компани.
„Хари има неверојатно чувство за позиционирање во шеснаесетникот. Исто така, тој многу помага во одбраната. Тој е еден од најдобрите во светот во овој аспект и токму тоа ја прави разликата. Не постојат многу играчи кои можат да го направат тоа“, додаде тренерот на Баерн Минхен.
Одбранбениот играч Алфонсо Дејвис исто така е пред враќање за лидерот во Бундес-лигата, Баерн Минхен, кој ќе остане на врвот без разлика на резултатот во последниот натпревар од оваа година, поради предноста од четири поени пред второпласираниот Баер Леверкузен.
„Секогаш сакам да победувам. Тоа важи за секој натпревар, без разлика дали играме против првопласираниот или последнопласираниот тим. Секако, мотивацијата е поголема кога ќе изгубиш. Моја желба е да ја завршиме годината со добра победа“, истакна Компани.
Белгискиот стратег истакна дека четвртопласираниот Лајпциг поседува „индивидуални и колективни квалитети“.
„Тие имаат играчи кои прават разлика, но и ние ги имаме. Многу ми е јасно што сакаме да постигнеме. Играме дома и сакаме да победиме“, решително изјави Компани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
